Поврзете се со нас

Дејвис куп

Канада првпат во историјата го освои Дејвис Купот

Објавено

на

Канада не успеа да запише прва победа во историјата на фудаблските мундијали, но затоа овој ден ќе остане за паметење во оваа земја поради првата титула освоена во Дејвис Купот.

Тимот на Канада како „лаки-лузер“ влезе во Дејвис Купот откако претходно беше елиминирана, односно го пополни местото на суспендираната Русија, што прави шампионскиот пат да биде уште повеличествен и поспецијален.

Во големото финале кое се играше денеска, Канада со 2:0 ја победи Австралија и немаше потреба да дојде до меч во игра на двојки, па така беше заверена првата титула во историјата.

Популарната „салатара“ заврши во рацете на Денис Шаповалов и Феликс Оже Алијасим и останатите репрезентативци на Данска, кои ќе останат запишани со златни букви во историјата на својата земја.

Денис Шаповалов во првиот меч беше подобар од Танаси Кокинакис со 6:2 и 6:4, додека победата ја завери Оже Алијасим со триумфот од 6:3 и 6:4 во пресметката со Алекс Де Минор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни