Поврзете се со нас

Германија

Кан се огласи и со ладна глава за отказот од Баерн: Бесот и фрустрацијата нема да променат една работа!

Објавено

на

foto: https://twitter.com/FCBayern

Оливер Кан беше оневозможен да присуствува на последното коло во Бундеслигата и не беше дел од шампионската прослава на Баерн Минхен, сето тоа откако му било соопштено дека ќе заработи отказ уште пред натпреварот со Келн.

Кан доста лошо ја примил информацијата и одговорните лица на клубот побарале од него воопшто да не патува во Келн, а откако тимот го искористи киксот на Борусија и ја одбрани титулата, легендарниот голман посочи дека во саботата го имал најлошиот ден во својот живот.

Популарниот Оли откри дека водечките луѓе на клубот му забраниле да отпатува и да биде заедно со тимот, па иако на ова првично гледаше како на големо понижување, сега полека ја смирува тензијата.

Кан заработи отказ и веќе нема да биде извршен директор на Баерн, но заедно со него настрада и спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ.

– Повторно ќе седнеме заедно и ќе зборуваме мирно кога малку ќе се стиши атмосферата. Секој може да забележи дека сум разочаран што не бев заедно со тимот. Клубот се наоѓа во транзициски период, не е лесно да се наследат успесите кои ги имаа Хенес и Румениге. Се прават грешки и актуелната ситуација не е лесна за никого, но сепак за мене секогаш ќе преовладуваат позитивните наспроти негативните моменти во Баерн. Бесот и фрустрацијата од последните неколку дена нема да го промени тоа, – вели Кан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни