Кан посочи кој голман може достојно да го замени Нојер на СП во Русија

nojer-rakavici

Ако Мануел Нојер биде принуден да го пропушти Светското првенство во Русија, легендарниот германски голман Оливер Кан посочи кој е достоен да го замени меѓу стативите.

Голманот на Баерн Минхен го повреди стапалото и минатиот месец кажа дека паузата може да трае половина година. Такво долго отсуство сигурно ќе се одрази на формата на 31-годишникот и тешко дека ќе биде максимално подготвен за турнирот во Русија.

Според Кан, Марк Андре Тер Штеген од Барселона е совршена замена за Нојер.

– Традиционално, имаме многу добри голмани во Германија, дури и ако бројот еден недостасува. Во 2010 година, Рене Адлер требаше да биде прв голман на Германија, но го пропушти турнирот поради повреда. Тука влета Мануел Нојер и одигра сензационално Светско првенство. Затоа и верувам дека Марк-Андре Тер Штеген ќе одигра добар Мундијал ако Мануел Нојер не се опорави навреме – вели Кан.

 

 

Facebook Коментари