Германија
Кан му испрати директна порака на Левандовски: Никој не е поголем од Баерн, мора да си го одработи договорот

Баерн Минхен сигурно ќе се обиде да создаде што подобар, поквалитетен тим за наредната сезона, но останува да видиме дали дел од истиот ќе биде Роберт Левандовски.
Голгетерот јасно порача дека сака да си замине и на испроба нешто ново во кариерата, меѓутоа вооваа ситуација има еден проблем-тоа е Баерн Минхен кој не сака да чуе за негово заминување. И покрај пораката на Полјакот дека не сака да го продолжи договорот тоа не ги раздрма ставовите на водечките луѓе во бундеслигашот, па така откако се огласо претсетдателот Херберт Хајнер свој збор доби и извршниот директор Оливер Кан.
-Овој аларм го знаеме од минатото. Тоа не е нешто што ни предизвикува главоболка. Дадовме понуда до неговиот агент. Тој ја одби оваа понуда. Тоа е негово право. Факт е: Тој има договор и ќе го одработи во целост. Доста веќе.
-Ние сме многу јасни и доследни околу тоа. Така стојат работите овде во Баерн. Нема играч кој е над клубот, -порача Кан.
Роберт има договор со германскиот великан до 30 јуни 2023 година.
-
Светпред 23 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Англијапред 13 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 23 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг уште на првиот тренинг ги потсетил играчите на едно правило од времето на Фергусон
-
Светпред 20 часа
Тите: Оној тренер кој го игра Нејмар на крило е магаре!
-
Шпанијапред 22 часа
Клајверт: Лапорта дојде и си стави свој познаник на мое место
-
АТПпред 21 час
Фаворитот од втор ред за триумф на Вимблдон се повлече пред да излезе на терен: Многу сум разочаран