Германија
Кан го демантираше првиот човек на Баерн: Не е точно дека сум реагирал на таков начин

Оливер Кан и натаму негодува поради начинот на кој заработи отказ од Баерн Минхен и фактот што не доби можност ниту да ја прослави титулата со фудбалерите, а со најновата изјава го демантирал претседателот на клубот.
Херберт Хајнер ги информирал германските медиуми дека Кан збеснал кога телефонски му соопштил дека ќе ја загуби директорската функција, што било и причина да не биде повикан да патува со тимот на гостувањето во Келн.
– Тврдењата дека сум полудел кога ја добив информацијата за отказот не се точни.
– Хајнер ме контактираше во петокот и ми ја соопшти веста, тоа беше мирен разговор базиран на факти. Само прашував зошто е донесена одлуката.
– Во саботата наутро добив порака дека нема да можам да присуствувам на натпреварот, мирно ја прифатив одлуката, иако факт е дека бев разочаран, – напишал Кан на Твитер.
Покрај Кан, отказ заработи и спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ, иако Баерн успеа да ја одбрани титулата во драматичното последно коло во германската Бундеслига.
-
Англијапред 22 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 21 час
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 21 час
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Балканпред 9 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 22 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 24 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 23 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)
-
Шпанијапред 20 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд