Поврзете се со нас

Германија

Кан доживеал брутално понижување од Баерн: Ова е најлош ден во мојот живот!

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен во драматичен расплет успеа да победи во Келн и да освои уште една титула во Бундеслигата, што за големиот великан е продолжување на низата која започна пред 10 години.

Баварците 11-та сезона по ред стигнаа до трофејот во домашното првенство и максимално го зграпчија подарокот кој го добија од Борусија, но она што го привлече вниманието на трибините беше и отсуството на еден од клучните луѓе оваа сезона.

Дел од медиумите пренесоа дека Оливер Кан нема да биде на трибините во друштво на Брацо Салихамиџиќ поради болест, но на крајот испадна дека легендарниот голман на Баерн добил огромно понижување.

Кан заработи отказ од клубот еден час по освоената титула во Келн (истата судбина го снајде и Салихамиџиќ), но Оливер е разочаран од начинот на кој постапиле водечките луѓе во хиерархијата.

– Мојот план беше да одам во Келн и да ја славам титулата со играчите, но не ми беше дозволено да го направам тоа. Ова е најлош ден во мојот живот, ме оставија без шанса да славам со момците, – изјави Кан за германските медиуми по заработениот отказ од местото на извршен директор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни