Франција
Кампос: Не криеме, сакаме да го задржиме Меси во ПСЖ

Лионел Меси влезе во последната фаза од актуелниот договор со францускиот шампион Пари Сен Жермен, тим во кој ја игра втората сезона по доаѓањето од Барселона.
Офанзивецот е одличен во актуелнава кампања каде си го пронајде своето место, па диригира, дава голови, асистира, поточно игра на високо ниво и поради тоа клубот сака да го задржи и по месец јуни. Иако имаше најави дека се е договорено и само прашање е на време кога ќе биде објавена новата соработка тоа не е баш така, меѓутоа двете страни работат на тоа да постигнат согласнос за да се затвори оваа операција.
-Во моментот, ние сме во преговори со Меси за продолжување на договорот. Јас би сакал да го задржам во овој проект, тоа не можам да го сокријам. Зборуваме во моментот да ја постигнеме оваа цел и да продолжиме да го имаме со нас, -порача главниот оперативец на „светците“, Луис Кампос.
Меси во дресот на ПСЖ има учинок од 26 гола и 28 асистенции на вкупно 57 натпревари.
-
Германијапред 23 часа
Салихамиџиќ распали по ѕвездите на Баерн, Нагелсман порача: Ако не победиме на дербито, ќе останеме без титула
-
Шпанијапред 19 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 19 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 23 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Францијапред 24 часа
Нова серија напади за Лео: Разочараниот Меси немаше време за навивачите на ПСЖ (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Формула 1пред 21 час
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Светпред 14 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик