Поврзете се со нас

Франција

Кампос и Галтие со долга листа: ПСЖ прецрта 10 фудбалери пред летната турнеја!

Објавено

на

По големото разочарување минатата натпреварувачка сезона и донесените голем број ѕвезди, Насер Ал Келаифи реши да направи неколку чекори назад и да се одлучи за радикални промени, кои стартуваа со откази за Леонардо и Покетино, а продолжија со луѓе кои ги заменија двајцата најважни во спортскиот проект.

Искусниот Луис Кампос го замени Леонардо како оперативец, Галтие мината седмица беше претставен како наследник на Покетино, а овој двоец работи до толку напорно и прецизно, па за само 10 дена веќе донеле неколку важни одлуки пред турнејата која ќе ја има тимот од 16-ти со 25-ти јули.

„Светците“ заминуваат во Јапонија на летна турнеја каде ќе одиграат и неколку пријателски средби, но на подготовките нема да присуствуваат дури 10 фудбалери кои се ставени на трансфер листата и на кои им е препорачано дека најдобро решение е да си пронајдат нов клуб.

„Лекип“ информира дека ова е заедничка одлука на Кампос и Галтие кои имаат одврзани раце за составување на најдобар тим и носење тешки одлуки, а во црната листа на двајцата се нашле и многу познати имиња.

Според изворот на угледниот весник, Мауро Икарди, Лајвин Курзава, Јулијан Дракслер, Андер Ерера, Џини Вајналдум, Ерик Дина-Ебимбе, Абду Диало, Серхио Рико, Рафиња и Идриса Геје нема да отпатуваат со тимот во Јапонија и им е порачано дека се ставени на трансфер листата, што автоматски значи дека не се смета на нив за новата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни