Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кампос беснеел по судијата Маса во подртибинскиот простор, Ван Дајк му порачал: Не ти е ова Лига 1 (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

ПСЖ го сомеле Ливерпул во фудбалска гледна точка кога е играта и создадените шанси во прашање, но колку и да звучи неверојатно, гостите беа оние кои на крајот се радуваа на голема и слатка победа остварена со резултат 0:1.

Гостите од Англија профитираа од единствената стопроцентна шанса која во гол ја претвори Харви Елиот, а претходно вистински херој на „црвените“ беше Алисон Бекер кој имаше најмалку пет-шест клучни интервенции.

ПСЖ посебно притискаше во првото полувреме во кое му беше поништен и еден гол поради минимален офсајде, но од овој период ни пристигна и еден контроверзен момент, кој всушност предизвика и голем бес во тунелот.

Луис Кампос беснеел по главниот судија Давиде Маса на паузата меѓу двете полувремиња, сметајќи дека Конате треба да добие црвен картон за стартот над Баркола кога на крајот не беше досудено ништо.

– Тоа е црвен картон, или пенал….. Тоа е црвен картон, или пенал, – бесно викал директорот на ПСЖ, а одговор пристигнал и од Вирџил Ван Дајк.

– Ајде брате, не ти е ова Лига 1…….., – прокоментирал капитенот на Ливерпул.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни