Поврзете се со нас

Евролига

Кампацо со асистенција во стилот на Дончиќ ја запали публиката во Мадрид (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Реал Мадрид рутински се справи со Алба Берлин во соочувањето во Евролигата, меч кој заврши со славје на актуелниот првак со 99:75.

Со ова Реал само ја продолжи победничката серија (девет од девет), а притоа тренерот Чус Матео имаше можност да им даде шанса на сите играчи, поточно на соодветен начин на подели минутажата.

Факундо Кампацо кој важи за еден од најдобрите во таборот на Реал беше мирен кога се во прашање поените и уфрли само седум, ама затоа испорача дури тринаесет асистенции од која една се издвои затоа што потсети на тоа што Лука Дончиќ го направи во дуелот со Лос Анџелес Лејкерс, поточно тунелот кој му го испорача на Леброн Џејмс.

Аргентинецот успеа да ја спровере топката низ нозете на еден од кошаркарите на Алба и тоа до Валтер Таварес по што следуваше моќна атракција за ерупција на навивачите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни