Поврзете се со нас

НБА

Кампацо не се согласува со Дончиќ: Минувам низ пекол, понекогаш и се молам

Објавено

на

Аргентинскиот репрезентативец, Факундо Кампацо ја игра својата прва сезона во НБА лигата и тоа во дресот на Денвер Нагетс каде засега има просек од 5,4 поени, 1 скок и 2,1 асистенција по натпревар.

Овие неколку месеци минати во НБА лигата беа доволни за да донесе одреден заклучок за истата кој е сосема спротивен од оној на Лука Дончиќ кој пред две години порача дека многу е полесно да се даваат поени тука отколку во Европа поради должината на терените и правилото за три секунди.

-Јас разбирам зошто тоа Лука го кажа, поседува неверојатен талент, ама јас минувам низ пекол, понекогаш и се молам. Има повеќе простор со правилото за три дефанзивни секунди, но во исто време имате многу повеќе атлетски играчи кои доаѓаат на помош за половина секунда. Исто така, тие велат дека тука играчите не чуваат, меѓутоа играат добра одбрана, -вели Факу за Марка.

Инаку Факундо и Лука играа заедно во Европа во шпанскиот великан Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни