Евролига
Кампацо ја шокираше Барселона, па опцу по епилогот на „Ел Класико“: Немој да ме казните (Видео)
Таварес со 24 и Хезоња со 23 постигнати поени беа најефикасени кошаркари на Реал Мадрид во драматичната „Ел Класико“ победа над Барселона, но натпреварот во „Палау Блауграна“ беше одбележан од инфаркт заплетот на крајот на последната четвртина.
Пред последниот звук на сирената, Факундо Кампацо испорача херојска тројка за израмнување и го однесе мечот во продолженија, а по десет одиграни минути на паркетот, Реал на крајот славеше со 90:97.
„Кралевите“ успеаја да слават во домот на каталонците и ја запишаа шестата победа во Евролигата, па по возбудувањата на теренот, интересно било и во микс-зоната каде издоминирал Кампацо.
Обидувајќи се да ја објасни својата клучна акција со кој го однесе „Ел Класико“ дербито во продолженија, Аргентинецот опцул при обраќањето на англиски јазик, по што морал да се извинува.
– Се обидов да го повикам Марио Хезоња на „пикенрол“, а истовремено очекував тие да „зае..т“ работа…. Извинете навистина, извинете, англискиот јазик ми е ужасен, ве молам немој да ме казните, – изјави Кампацо.
Please don’t fine Facundo Campazzo 😂 pic.twitter.com/2fIdl6VyU6
— BasketNews (@BasketNews_com) November 29, 2024
-
Шпанија17 часа
Мијатовиќ за ситуацијата во Реал: Анчелоти мора да испрати некого „по ѓаволите“
-
Формула 117 часа
Расел му одговори на Ферстапен, Макс повтори дека е шокиран од случувањата во Катар
-
Свет17 часа
Ван дер Варт го нарече себичен, Роналдо му одговори брутално на социјалните мрежи (Фото)
-
НБА19 часа
Јокиќ испорача трипл-дабл за историја, Денвер не успеа да му парира на Кливленд
-
Англија20 часа
Постекоглу имаше непријатно соочување со фановите на Тотенхем по новиот пораз, па го искоментира инцидентот (Видео)
-
Лига на шампиони19 часа
Дибиров стигна до второто место на вечната листа, реализираше атрактивно во историската ноќ (Видео)
-
Италија18 часа
Бове ќе му се врати на фудбалот, но ќе мора да ја напушти Италија
-
Шпанија15 часа
Деко имал важен состанок, Барселона се приближила до посакуван дефанзивец