Поврзете се со нас

Евролига

Кампацо го упропасти страшниот настап со последниот потег, прв пораз за Реал во Евролигата (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RMBaloncesto

Факундо Кампацо беше најдобар играч на теренот на дуелот меѓу Фенербахче и Реал Мадрид, но на крајот излезе трагичар во првиот пораз на шпанскиот клуб сезонава во Евролигата (99:100).

Реал имаше плус 13 по првиот период, но Фенербахче подоцна се врати во натпреварот и обезбеди драматична завршница, во која се играше и продолжение. „Кралскиот клуб“ имаше предност од еден поен на пет секунди до крајот, но Кампацо под притисок проигра противнички играч,а Мадар постигна поени на помалку од секунда до крајот, за победа на Фенербахче.

Кампацо со 33 поени беше најдобар реализатор на теренот, а Гудуриќ со 21 поен ги предводеше стрелците во редовите на турскиот тим, кој сега има ефект 6:5.

Во сличен термин, Монако го победи Олимпијакос со 85:77.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни