Кампацо ги уништи Србите, па по крајот на мечот сликовито покажа што и ја донело победата на Аргентина (Видео)

kampaco-skola

По завчерашната шлаканица која ја добија од Шпанија, репрезентативците на Србија денеска добија нова кошаркарска лекција во четвртфиналето на Мундобаскетот, што во превод значеше пакување на куферите за нашиоте северни соседи кои во Кина заминаа како главни фаворити за титулата.

Аргентина покажа големо срце на теренот и демонстрираше фасцинантна борба за секоја топка, а како што можеше да се очекува, лидерската улога ја преземаа Факундо Кампацо и искусниот Луис Скола. „Гаучосите“ влегоа како апсолутни аутсајдери во дуелот со Србија, но на крајот сосема заслужено се пласираа во полуфиналето, откако го контролираа цел меч со тимска игра и фантастичен шут за три поени.

Кампацо се издвои како главен носител на играта и буквално ги уништи Србите со 18 поени, 12 асистенции, 6 скокови и 3 украдени топки, а воедно беше и најсликовит по крајот на натпреварот, бидејќи додека влегуваше во соблекувалната, долови што покажале тој и неговите соиграчи за да ги здрват главните фаворити за титулата. Во стилот на Чоло Симеоне, фантастичниот Кампацо со јасна гестикулација долови дека Аргентинците покажале големи мадиња….

Во продолжение, погледнете и една вонсериска асистенција на аргентинскиот кошаркарски маестро…

Facebook Коментари