Балкан
Кампацо ги реши сите дилеми: Останувам во Звезда, останувам со нашите навивачи…(ФОТО)

Црвена Звезда пред некое време успеа да го обезбеди потписот на Факундо Кампацо кој претходно беше дел од НБА лигата каде настапуваше за Далас Маверикс и Денвер Нагетс.
Меѓутоа се појави неочекуван проблем за „црвено-белите“ кои не можат да го регистрираат Аргентинецот во Евролигата поради кршење на финансискиот фер плеј, поточно тоа нема да можат да го направат до месец март по што се појавија информации дека популарниот Факу може да си замине од Белград.
Токму по овие вест плејмјекерот реши да се огласи на социјалните мрежи со јасна порака дека не планира да ја напушти сегашната средина.
-Останувам во Црвена Звезда! Останувам во клубот со своите соиграчи, нашите навивачи и во овој град. Одиме заедно кон нови победи. Напред Црвена Звезда, -порача Кампацо по што се огласи и самиот клуб кој му се заблагодари на играчот кој решил да остане и покрај многуте понуди во изминативе денови, но и дека се работи на тоа големиот борец што поскоро да заигра на мечевите во Евролигата.
I am staying at Crvena zvezda! I am staying with the club, with my teammates, with our fans and with this city. Let’s go together with new victories. Napred Crvena zvezda!
— Facu Campazzo (@facucampazzo) January 10, 2023
🔴⚪️ #CrvenoBelaPorodica #kkczhttps://t.co/ERrLiX37Ba
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) January 10, 2023
-
Англијапред 19 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Англијапред 20 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Светпред 23 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Шпанијапред 7 часа
ФИФА не го одобри трансферот на Барселона кој се случи во последен час
-
Англијапред 19 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Италијапред 7 часа
Берлускони јавно го прозва Галијани по победата над Јувентус: Следниот чекор е многу голем