Шпанија
„Камп Ноу“ означи крај на една ера, Еспањол испадна во Сегунда (Видео)
Претпоследното коло во шпанската Ла Лига донесе девет натпревари истовремено, на кои во фокусот беше борбата за опстанок, но и случувањата на „Камп Ноу“ поради емотивните сцени.
Барселона сосема рутински ја совлада Мајорка со 3:0 и запиша нова победа, но овој натпревар беше последен на домашен терен за капитените Серхио Бускетс и Жорди Алба.
Двајцата добија стоечки овации од навивачите и двајцата имаа различни реакции при излегувањето од игра, кое означи и крај на една ера во Барселона.
Левиот бек Алба со солзи во очите го напушти теренот и му го отстапи местото на Алонсо, а четири минути подоцна од игра излезе и Бускетс кој со насмевка на лицето се прости од фановите.
Резултатот беше во втор план поради збогувањето на капитените, но инаку победата ја осигураа Ансу Фати со два гола и Гави во вториот дел.
За разлика од славеничката атмосфера на „Камп Ноу“, голема тага ќе владее во другиот дел од градот, бидејќи Еспањол и официјално испадна откако одигра 2:2 на „Месталја“ против Валенсија.
5️⃣ #5ergioÚnic pic.twitter.com/rw39t60f0y
— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 28, 2023
🥹 #H18TÒRIC pic.twitter.com/odNmIlm0qA
— FC Barcelona (@FCBarcelona) May 28, 2023
-
Италијапред 19 часа
Чалханоглу ги дочека своите моменти на слава и им се одмазди на тифозите на Милан (Фото)
-
Италијапред 22 часа
Ањели ги воодушеви навивачите на Јувентус со „поздравот“ за шампионската титулата на Интер (Фото)
-
Шпанијапред 22 часа
Ѓоковиќ импресиониран од еден играч на Реал: Не сум фудбалски стручњак, но тој има црти на шампион!
-
Шпанијапред 23 часа
Шпанците ја објавија аудио комуникацијата меѓу Сото Градо и ВАР за фантомскиот гол на „Ел Класико“ (Видео)
-
НБАпред 24 часа
Нервозниот Дејвис даде едноставен коментар за болниот пораз и го фрли микрофонот пред новинарите (Видео)
-
АТПпред 14 часа
Ѓоковиќ за следната етапа во кариерата: Не знам дали ми е потребен тренер
-
Светпред 21 час
Хрватите изрекоа казни за ракометниот скандал во Нашице: Вујовиќ доби тримесечна суспензија, Безјак мина најлошо
-
НБАпред 21 час
Петровиќ го обвини Леброн за драматичниот пораз на Лејкерс: Еден детаљ прави разлика од победник до губитник (Видео)