Поврзете се со нас

Германија

Камерунецот Малонг го изненади цел тим на Келн и постигна гол како на видео игра (Видео)

Објавено

на

Мајнц се извлече од сигурен порази и успеа да спаси и да освои бод на гостувањето кај Келн, откако не потпадна психолошки во ситуација кога имаше негатива од 2:0 по 50 минути игра.

Домаќините поведоа со голот на Ут од пенал уште во 6-та минута, а на стартот на вториот дел водството го дуплираше Кајнц. Во тие моменти, се чинеше дека Келн е безидејен и дека е на добар пат да ја рестартира сезоната со пораз, но така не мислеше Авонији, а уште помалце Кунде Малонг.

Првиот намали на 2:1 во 61-та минута откако биеше од непосредна близина, додека Камерунецот Кунде Малонг се истакна како херој во освојувањето на бод бидејќи постигна погодок со кој го изненади комплетниот цел тим на домаќините.

Играчот за врска ја прифати топката некаде на средина на теренот, а потоа мина како „шило“ низ неколку играчи и постигна погодок за 2:2 во 72-ра минута.

За потсетување, ова беше претпоследен натпревар од првата викенд програмата во Бундеслигата по рестартот, а истата ќе заврши со мечот меѓу Унион Берлин и Баерн Минхен (18:00 часот).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни