Камерата од тунелот откри интересен момент: „Пријателската“ средба меѓу Мурињо и Азар пред големото финале (Видео)

joze-faten

Жозе Мурињо не го прифати добро поразот во големото финале во ФА купот од тимот на Челси, па покрај тоа што најде замерка за тактиката „паркиран автобус“ на Антонио Конте, од неговиот израз на лицето можеше да се забележи дека е посебно бесен што гледа како неговите поранешни играчи го креваат трофејот во најстарото натпреварување.

За да биде иронијата уште поголема, финалниот меч го реши човекот со кој не заврши во баш најдобри односи при заминување од Челси, а дека нивниот однос е навистина ладен сега ни открива и камерата од тунелот на „Вембли“. Мурињо и Еден Азар буквално се изигнорираа во ситуација кога Португалецот срдечно се поздрави и гушна со Цеск Фабрегас, а „пријателската“ средба со Белгиецот со кого не се ни погледна експресно стана топ тема за разговор на социјалните мрежи.

Facebook Коментари