Камерата го улови во вистинско време: Вилијамсон си заспа на клупата на Њу Орлеанс (Видео)

zajon

Првиот пик на овогодинешниот НБА драфт, Зајон Вилијамсон треба оваа недела конечно да го одигра својот прв меч во најквалитетната лига на светот (се очекува неговото деби против Јута Џез), но додека тоа го направи камерите го фатија во една интересна ситуација за време на дуелот со Детроит Пистонс.

Камерите го „уловија“ во вистинско време како тој си „дреме“ на клупата на Њу Орлеанс Пеликанс во завршницата од пресметката со Детроит или барем така изгледа од овој агол на камерата.

Зајон сигурно ќе даде одговор дали навистина се случило, но сигурно поважно е да се врати на терените и да потврди зошто стучњаците, аналитичарите го споредуваат со Леброн Џејмс.

Facebook Коментари