Камерата го улови Мејведер како им фаќа ,,сеир” на Пол и Рондо (Видео)

Rondo-Pol

Тепачката на кошаркарите Крис Пол од Хјустон Рокетс и Раџон Рондо од ЛА Лејкерс предизвика бум во светските медиуми. Раководството на НБА веќе излезе со казните за сите учесници. Најлошо мина младиот Инграм кој ќе биде на ладење четири натпревари, Рондо кој плукна и удри кон Пол ќе мирува три средби, а пак ѕвездата на Хјустон ќе ги пропушти следните два меча.

Иако, најпрвин впечатокот беше дека Крис Пол бил тој кој го направилпрвиот потег по кој Рондо возвраќа со тупаници,сепак на крајот најновото видео покажува дека Пол бил во право со обвинувањата дека бил плукнат и поради тоа решил да му возврати на противничкиот кошаркар.

Но, како најголем ,,сеирџија” на овој меч, кој друг ако не Флојд Мејведер, кој беше во првите ВИП столчиња на теренот. Тој по одвојувањата на кошаркарите, беше забележан од камерите како им се смее за ваквиот инцидент.

Facebook Коментари