Камбијасо посочи каков тип на играч добива Интер со ангажманот на Мартинез

martinez

Калчолигашот Интер успеа да дојде до потписот на супер талентираниот напаѓач, Лаутаро Мартинез за кого беа заинтересирани уште многу други европски гиганти.

Навивачите на „нероаѕурите“ со нетрпение очекуваат да видат што ќе може Мартинез да му донесе на нивниот клуб, односно дали ќе може да ги потврди своите квалитети на „Џузепе Меаца“. Токму поранешниот член на Интер, Естебан Камбијасо за „Скај Спорт Италија“ даде најдобро објаснување за тоа каков тип на играч е Мартинез и за тоа дали ќе може да игра заедно со Икарди.

-Икарди? Во Аргентина секогаш се зборува за изобилството на квалитет што селекторот  Сампаоли го има во нападот. Мислам дека ќе ги поведат Игуаин, Агуеро и Мартинез на СП што е многу добро. Може ли да игра со Икарди? Добрите играчи секогаш може да играат заедно. Што се однесува до неговиот квалитет, тој е повеќе сличен со Игуаин, иако Пипита е посилен надвор од шестнаесетникот. Тој е помеѓу Игуаин и Икарди. Што се однесува до Икарди, грешката според мене лежи во начинот на кој игра Интер. Тие не го поддржуваат доволно, -порача Камбијасо.

Facebook Коментари