Шпанија
Камавинга за потегот на Мбапе: Реал е совршен клуб за него…

Килијан Мбапе ја заврши приказната со Пари Сен Жермен, а како слободен играч за нова фудбалска дестинација ја одбра Шпанија и тоа Реал Мадрид.
Долго време се „крчаше“ овој трансфер, низ годините имаше многу вести, информации, ама исто така секогаш се наоѓаше одредена причина да се не реализира тој премин на „Сантијаго Бернабеу“ за да сега конечно коцките се наместат и Французинот го оствари својот сон.
Едуардо Камавинга веќе некое време игра за „кралевите“, па од свој агол посочи зошто овој потег на сонародникот е логичен и исправен.
-Тоа е следниот логичен чекор во кариерата на Килијан: Реал Мадрид е клубот што му требаше по ПСЖ, би можел да му помогне со неговите лични цели. Исто така на колективно ниво, затоа што сака да ја освои Лигата на шампионите. Затоа мислам дека Реал Мадрид е совршен клуб, -смета Камавинга.
Напаѓачот потпиша петгодишен договор со актуелниот шпански европски шампион.
-
Италија23 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија18 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија17 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет22 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Англија15 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет20 часа
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
АТП16 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
ВТА19 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон