Поврзете се со нас

Шпанија

Камавинга направи вирална фотографија со соиграчите, Реал му наредил да ја избрише

Објавено

на

Реал Мадрид рутински обезбеди место во нокаут фазата на Лигата на шампионите, а вчерашната победа над Наполи дополнително ја подигна атмосферата во соблекувалната на „кралскиот клуб“.

Своја улога во овој дел имаше и повредениот Едуардо Камавинга, кој се појави со специфичен имиџ на трибините, а по средбата ги натерал сите соиграчи да ги испробаат неговите специфични очила.

Французинот подоцна го објави колажот со фотографии од сите играчи на социјалните мрежи, а очекувано тој пост стана вирален меѓу фудбалските фанови.

Сепак, Камавинга денеска добил сугестија од Реал дека мора да ја избрише фотографијата и тоа поради специфичните правила поврзани со спонзорите на клубот, но и на фудбалерите.

Проблемот е во тоа што очилата биле продукт на „Најк“, додека дел од играчите соработуваат со „Адидас“, па фотографијата предизвикала реакција од германскиот гигант.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни