Поврзете се со нас

Франција

Камавинга: Многумина занемаруваат еден квалитет кај Мбапе

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Едурадо Камавинга брзо му се приклучи на францускиот тим и вчера доби и мала минутажа на натпреварот против Луксембург, четири дена по големото финале во Лигата на шампионите на кое ја освои својата втора европска титула.

Дефанзивниот играч за врска му се приклучи на Реал летото во кое и Килијан Мбапе беше блиску до преселба на „Бернабеу“, но на крајот испадна дека мора да почека две години за да го дочека сонародникот за свој соиграч на клупски план.

Мбапе беше потврден како големо летно засилување за Реал пред три дена, а Камавинга како човек кој добро го познава, вели дека многумина потценуваат еден голем квалитет на францускиот капитен.

– Килијан е ист како и секогаш, не се променило ништо кај него овие неколку дена. Немам што да кажувам за неговото однесување, тој секогаш е ист.

– Она што можам да го кажам за него е следното: Луѓето не ги гледаат вистинските квалитети на Мбапе како пас играч и асистент. Тој не е само врвен напаѓач, сигурен сум дека Анчелоти ќе донесе правилна одлука и ќе му најде место на теренот. Ќе видиме како ќе изгледа тоа наредната сезона, – вели Камавинга.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни