Поврзете се со нас

Македонија

Кам-бек за „ПСС Рејсинг“ во ТЦР Европа: Давидовски го освои трофејот на „Јокохама“!

Објавено

на

blank

Виктор Давидовски не доби зелено светло за настап на ТЦР Европа во Франција и Белгија, но затоа денеска се врати на возбудувањата во ова натпреварување, и тоа со настап на легендарната Монца во која го постигна досега најголемиот свој успех!

Поради дождливото време на тренинзите, македонскиот пилот со својот Хонда Сивик немаше доволно време за местење на идеалниот сет-ап, а дополнително автомобилот доби 90 килограми тежински пенал (60 килограми според БОП-системот на организаторите, како и 30 килограми за неучество на претходната трка), па поради тоа освои 16-то место на квалификациите.

Сепак, во првата трка која се возеше попладнево во 17:15 часот Давидовски успеа да напредува повеќе позиции, со што се избори за пласман на 9. место иако имаше цела година пауза од трките во ТЦР Европа!

Со ова, тој се најде и на победничкиот подиум како победник во таканаречениот „аматерски“ куп, со што го освои првото место и трофејот на „Јокохама“.

Утрешната трка е закажана за попладне во 13:00 часот на Монца, па ќе видиме дали тимот на Давидовски ќе има доволно време за да му го сетира автомобилот подобро според условите на патеката.

Што се однесува до првата трка, првото место го освои Французинот Брише со своето Пежо, Лојд беше втор, трет беше Берт, а четврти Јелмини.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни