Македонија
Кам-бек во матичниот клуб: Вардар го потврди и третото зимско засилување за помалку од 24 часа

Вардар беше навистина мирен во јануари и го искористи првиот месец во годината за да се раздели со неколку фудбалери кои си заминаа по свое барање, но стартот на февруари тргна доста раздвижено во најтрофејниот македонски колектив.
Во неполни 24 часа, директорот Александар Бајевски позираше и со третото зимско засилување за Вардар, а во случајот станува збор за кам-бек на дете од академијата на „црвено-црните“.
– Роберт Митев е трето ново име во најтрофејниот македонски клуб во зимскиот преоден рок. 28 годишниот крилен напаѓач потекнува од нашата фудбалска академија, доаѓа од екипата на Охрид, а во својата досегашна кариера има играно и за екипите на Силекс, Тиквеш, Беласица. Добредојде назад во Вардар, – му порачаа од Вардар.
Фудбалската гордост од Скопје има за цел да избори промоција во Првата лига и да ги остави зад себе најмрачните денови во клупската историја, па со новите три засилувања, полека се враќа и надежта меѓу навивачите дека сепак ќе дојде до такво нешто.
Пред Митев, Вардар во текот на вчерашниот ден ги потврди ангажманите на Дарко Размоски кој дојде исто така од Охрид, како и Дејан Цветаноски кој настапуваше за Силекс.
-
Германијапред 24 часа
Салихамиџиќ распали по ѕвездите на Баерн, Нагелсман порача: Ако не победиме на дербито, ќе останеме без титула
-
Шпанијапред 19 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 20 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 23 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Формула 1пред 22 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Светпред 14 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
НБАпред 16 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)