Поврзете се со нас

Свет

Кам-бек од соништата: Нејмар против Меси во Буенос Аирес (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/SantosFC

Нејмар се врати во посакуван ритам во родната земја и трансферот во Сантош фудбалски го препороди, а сето тоа направи да видиме и кам-бек за кој сонуваше цел Бразил.

Доривал Жуниор денеска ја објави листата на повикани фудбалери за квалификациските натпревари против Колумбија и Аргентина, а после една ипол година, дел од списокот на „кариоките“ е и некогашниот капитен.

Нејмар доби повик од селекторот и во месец март ќе има официјално враќање во националниот тим, нешто што дефинитивно ќе привлече огромно внимание во Бразил, но општо и во Јужна Америка.

Популарниот Неј последен пат го носеше жолтиот дрес во октомври 2023-та година на натпревар против Уругвај, а првата шанса да го облече истиот ќе го има на мечот против Колумбија.

Бразил ја пречекува Колумбија на 21-ви март, додека пет дена подоцна ќе игра во Буенос Аирес против Аргентина, каде најверојатно ќе гледаме нова пресметка меѓу Меси и Нејмар.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни