Поврзете се со нас

Италија

Калулу со совет до играч на Милан: Дојди во Јувентус…

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfcen

Пјер Калулу во оваа сезона го носи дресот на Јувентус, тим за кој настапува на позајмица од редовите на Милан, меѓутоа постојат реални шанси неговиот договор да биде откупен од „бјанконерите“.

Токму Калулу имаше одличен настап против Милан на вчерашното дерби во Торино кое им припадна на домаќините со 2-0. Французинот одлично се снајде во новата средина во која може да добие уште едно познато име затоа што „старата дама“ сака да го доведе Фукајо Томори.

Јувентус притиска за неговиот потпис, па додека трае целиот процес коментар за ова даде Калулу кој меѓу редови го покани Томори да му се приклучи.

-Во Италија сум четири години, па знам дека ви се допаѓа многу врева за време на преодниот рок. Научив да зборувам за работи само кога ќе се потпишат договорите. Што се однесува до преселбата во Јувентус, мене лично ми помина добро, -истакна Пјер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни