Поврзете се со нас

Европски првенства

Калмар за препирката со Милинковиќ-Савиќ: Знаевме што кажуваа, си одат дома без бодови (ВИДЕО)

Објавено

на

Унгарија оствари уште една победа над Србија и со тоа си ги отвори вратите кон Европското првенство кое наредната година ќе се одржи во Гермнија.

Унгарците уште еднаш славеа со 2-1, овојпат во Будимпешта и сега се имаат во свои раце кога е во прашање пласманот на шампионатот со оглед на тоа што се на првото место во Г групата.

На крајот на мечот имаше препирки, турканици меѓу двете селекции, а најистакнат момент е оној во кој голманот Вања Милинковиќ-Савиќ се соочува со Жолт Калмар.

Двајцата беа санкционирани од главниот судија, а по дуелот Калмар порача:

-Не знам што треба да направиме за да добиеме почит од вакви тимови. Кај нас проработи инаетот: прочитавме што велеа кога доаѓаа во Будимпешта. Пристигнаа тука арогантни, а дома се враќаат без бодови – изјави Калмар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни