Калиниќ се посрамоти на дебито за Рома: Не реализира чист зицер (Видео)

KALINIC

Хрватскиот интернационалец Никола Калиниќ го имаше своето деби во дресот на Рома на натпреварот против Истанбул Башакшехир во рамките од Лига Европа.

Рома славеше убедлива победа од 4:0, а Калиниќ на натпреварот влезе во второто полувреме што значеше и негово официјално деби по трансферот од Атлетико Мадрид.

Хрватот можеше на одличен начин да ја започне авантурата во Рим, меѓутоа не го искористи одличниот пас на Пелегрини, па откако се најде очи в очи со противничкиот голман, биеше млако и не му создаде никакви проблеми на Гунок.

Facebook Коментари