Балкан
Калиниќ се отвори за хаосот во Хајдук: Јас бев жртвено јагне, Гатузо веќе со месеци не зборува со…..
Никола Калиниќ прилично неочекувано ја заврши својата цврста врска со Хајдук и беше отпуштен од функцијата спортски директор во текот на вчерашниот ден, само четири месеци откако беше назначен за клучен човек за спортскиот проект.
Поранешниот напаѓач наиде на спротивставени ставови со водечките луѓе во Управниот Одбор и поради тоа одработи ужасен летен преоден рок, од кој крајно незадоволен е и Џенаро Гатузо.
Италијанецот засега останува во клубот и продолжува да си ја врши својата работа, но Калиниќ денеска најави дека популарниот Рино може да биде следниот кој ќе си замине од Сплит поради неисполнети барања и лажни ветувања.
– Јас испаднав жртвено јагне, а глувците во клубот се сокрија во дупките. Тренерот Гатузо веќе некое време не зборува со претседателот бидејќи му беа ветени четири засилувања, кои никогаш не ги доби.
– Јас знам дека Гатузо не е задоволен и не знам што може да следи. Сакав да имаме костур на екипата со Ливаја, Ракитиќ и Уремовиќ, сакав да донесам уште неколку вистински засилувања. Од првиот ден знаев дека работите нема да одат во добра правец. Луѓето кои се во Управниот одбор не го сакаат клубот и немаат врска со фудбал. Луѓето кои се во одборот немаат врска со Сплит и со Хајдук. Тие еден ден ќе се разотидат, не им е гајле за ништо што се случува во клубот.
– Рацете ми беа врзани цело време, кога ќе побарав некое засилувања, се одложуваа работите за неколку дена. Работите не функционираат така во фудбалот, мора да се реагира брзо. Мој избор беше Џенаро Гатузо и стоев зад него, тој пристигна во Хајдук поради мене. Сепак, во оваа ситуација, не треба да се залажуваат фановите. Кога барав засилувања, тие ми велеа „какви засилувања“, велеа дека немаме плата за наредните два месеци. Знам дека се подигнати кредити и повторно ќе се подигаат. Факт е дека Динамо е подобар од Хајдук, не треба да се лажат луѓето и да се создава лажна еуфорија. Еуфоријата треба да се создава со добри игри и со победи на теренот, – изјави Калиниќ.
-
Англија20 часа
Карсли самиот се прецрта, Кин советува кој треба да биде идниот англиски селектор
-
Лига на нации21 час
Милевски со најкраток говор во својата кариера: Вие не сте нормални! (Видео)
-
Лига на нации19 часа
Македонија му пресуди на ерменскиот селектор со победата во Ереван (Фото)
-
Лига на нации22 часа
Два мајсторски погодоци во Ереван донесоа историски успех за македонската репрезентација (Видео)
-
АТП24 часа
Ѓоковиќ загуби од Синер, па му се обрати на Федерер кој беше на трибините (Видео)
-
Свет23 часа
Легенда на Ливерпул со брутални зборови за Погба: Мурињо беше во право, тој е како вирус
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Лига на нации18 часа
Најдобар исход од вториот меч во нашата група: Македонија ќе игра во повисок ранг во Лигата на нации!