Поврзете се со нас

Балкан

Калиниќ го затресе „Пољуд“ и донесе победа за Хајдук над Динамо (Видео)

Објавено

на

Хајдук ги израдува своите фанови победувајќи го актуелниот хрватски првак и традиционално најголем ривал, Динамо Загреб со 1:0 на денешното дерби во Сплит.

Очекувано цврстиот натпревар без многу ризици на двете страни, започна со нашите репрезентативци Адеми и Ристовски во стартниот состав на Динамо, додека на спротивната страна во комбинација не беше Атанасов.

Решавачкиот момент се случи во 63. минута, кога искусниот Никола Калиниќ одлично заврши акција на домашниот тим и испрати неодбранлив удар кон голот на Ливаковиќ.

Ристовски набргу беше повлечен од игра, капитенот Адеми остана до крајот на теренот, но Динамо не успеа да израмни, со што Хајдук се приближи на минус четири бода зад најголемиот ривал за титулата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни