Поврзете се со нас

АТП

Калин во ритам: Ивановски извојува две победи и обезбеди полуфинале на турнирот во Тунис

Објавено

на

Големата македонска тениска надеж, Калин Ивановски обезбеди место меѓу четирите најдобри на ИТФ фјучерсот во Монастир (Тунис) што се игра на тврда подлога за награден фонд од 15.000 долари.

Ивановски во ист ден успеа да забележи две победи и да дојде до полуфиналето на турнирот каде ќе ги одмери силите со вториот носител Сирил Вандермерш кој 734 на АТП листата.

Што се однесува до денешните дуели, Калин прво во два сета го реши Едуард Вилослада (6-4, 6-1) за да потоа со соочу со Николај Неделчев (1339 на АТП листата).

Скоро два ипол часа траеше битката меѓу Македонецот и Бугаринот, битка која на крајот ја доби нашиот рекет со 6-3, 3-6 и 6-3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни