Поврзете се со нас

АТП

Калин со супериорно издание избори четвртфинале на турнирот во Скопје

Објавено

на

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски со супер издание измори место во четвртфиналето на фјучерсот што се игра во Скопје.

Ивановски кој ја има улогата на четврти носител го растури Ален Бил со Хрватска со 6-0 и 6-0. Нашиот рекет не загуби ниту еден гејм, покажа доминација, квалитет и продолжи да напредува на фјучерсот кој се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 американски долари.

Следниот предизвик за Калин е Мирза Башиќ кој е 584 на АТП листата, но во 2018 година беше 74 на светот што значи дека Македонецот е сериозен тес, предизвик.

Кога се во прашање нашите преставници Горазд Србљак не направи изненадување и загуби од петтиот носител Ерги Киркин со 2-0.

Обрад Марковски во комбинација со Вито Тонејц пак загубија во игра на двојки од бугарската комбинација Јанаки Милев и Петр Несторов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни