Поврзете се со нас

АТП

Калин падна на првата пречка во Литија

Објавено

на

Македонскиот тенисер Калин Ивановски по успешниот настап на јуниорскиот Вимблдон се врати на турнирите на земја и тоа во Литија (Словенија) каде доживеа експресна елиминација во првата рунда.

Калин за теренот број два загуби од  Игот Хименез од Бразил со 2-0 во сетови со 6-2 и 6-1 по нешто повеќе од еден час игра.

Ова значи дека нашиот ас ќе мора да им се посвети на настапите во дубл каде со Брендон Валкин се четврти носители и во четвртфиналето ќе ги одмерат силите со домашните претставници ветеранот Блаж Кавчиќ и Матиќ Кризник.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни