Калдерон за можниот наследник на Роналдо: Реал ќе направи грешка ако него го доведе, тој не е лидер

Ronaldo-Calderon

Реал Мадрид во овој преоден рок остана без услугите на првата ѕвезда, Кристијано Роналдо што значи дека сите ја очекуваат реакцијата и контра ударот на „кралевите“ и претседателот Флорентино Перез.

Во јавноста се споменуваат неколку имиња кои и во минатото се доведуваа во контекс со Реал со тоа што во прв план сега се Еден Азар и Нејмар. Првата опција е пореална, додека втората тешко дека ќе се реализира со оглед на децидниот став на ПСЖ за него.

Меѓутоа поранешниот прв човек на шпанскиот гигант, Рамон Калдерон се уште не ја исклучува опцијата Нејмар, но воедно побара клубот да заборави на него, бидејќи ќе направи голема грешка ако го ангажира.

-Сега се соочуваме со голем проблем. Кога ќе ги погледнете различните имиња во другите тимови, мислам дека не можете да видите некој кој ќе ги задоволи навивачите. Сега секој знае Реал Мадрид треба да ангажира значајни играчи за да го заменат Роналдо, така што тие тоа ќе го искористат. Азар, Кејн, Левандовски- тоа ќе биде многу тешко. Азар е многу добар играч и знаеме дека е заинтересиран да дојде во Реал Мадрид, тоа многупати го кажа, но зборуваме за замена на Роналдо, еден од најдобрите во историјата, играч кој постигнува повеќе од 60 гола сезона. Тие зборуваат дека готов е договор со Нејмар, но мислам дека тоа ќе биде голема грешка. Не велам дека не е добар играч, тој е фантастичен играч, но неговото однесување главно во минатата година докажа оти не е играч на кој можете да му дадете тим. На навивачите им беше кажано дека Нејмар доаѓа и мислам дека тоа ќе биде многу, многу тешко – не само заради парите, туку затоа што ако дојде не го гледам како лидер на овој тим, -рече Калдерон за „токспорт“.

Facebook Коментари