Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Калцона се пожали: Имаше чист пенал врз Осимен, тоа ќе го сменеше цел меч во Барселона

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Наполи имаше добри периоди на „Монжуик“ и севкупно гледано скапо го плати ужасниот влез на натпреварот против Барселона, а гостите имаат и за што да се жалат по елиминацијата во осминафиналната фаза во Лигата на шампионите.

Ако се погледнат објективно двата напревари, Барселона заслужено е меѓу осумте најдобри екипи во Европа, но Италијанците сметаат дека вчера биле оштетени во Каталонија, и тоа во фаза кога се кршеше мечот.

Наполи успеа да се врати по негативата од 2:0 и до полувреме намали на 2:1, а на стартот на вториот дел Виктор Осимен бараше пенал по контактот кој го имаше со Кубарси.

Иако Нигериецот доби удар од младиот дефанзивец на Барселона, судиите проценија дека нема доволно интензитет да се покаже на белата точка, а тоа го налути тренерот на Наполи кој не ја криеше фрустрацијата по мечот кој заврши 3:1.

– Кога се гледаат снимките од таа ситуација, изгледа како чист пенал. Не можам да разберам зошто на вакво ниво не реагираат луѓето од ВАР. Ако треба нека прегледуваат подолго, едноставно мора да се донесе правилната одлука. Тоа изгледа како чист пенал, станува збор за момент кој го менува цел тек на натпреварот, – се пожали Франческо Калцона.

Спорниот момент погледнете го ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни