Поврзете се со нас

Европски првенства

Калцона открива: Добив извинување од англиски фудбалер за неговото однесување

Објавено

на

Foto:instagram.com/sfzofficial

Словачка беше на чекор од правење на најголема сензација на Европското првенство, но играчите на оваа селекција останаа за 60 секунди покуси во желбата да стигнат до четвртфинале само поради генијалноста на Џуд Белингам.

Ѕвездата на Реал Мадрид испорача неверојатни „ножички“ и со тоа го неутрализираше голот на Словаците, а потоа фаворитот во продолженијата брзо стигна до втор гол и обезбеди победа.

По последниот судиски свиреж, селекторот Франческо Калцона не беше задоволен од неколку англиски играчи и имаше забелешки за нивното однесување, а посебно влезе во клинч со Деклан Рајс од кого доби и невкусна навреда.

Фудбалерот на Арсенал испорача погрдни зборови и го нарече словачкиот селектор „ќелава пи..а“, но иако имаше голема тензија, страстите сепак во продолжение брзо се смириле.

– Севкупно гледано, јас сум задоволен од туррнирот кој го имавме, а секако има и жалење поради тоа што бевме блиску до историја. Горд сум на моите момци, бидејќи по примениот втор гол, ја притиснавме Англија во својот шеснаесетник во наредните 29 минути.

– Конфликтот со Рајс? Тој стоеше блиску до судијата, а јас сакав да го прашам арбитарот зошто продолжи толку малку кога Англичаните постојано го задржуваа времето. Тој ми се развика со вулгарен речник, но и јас не останав должен, одговорив во ист тон. Тој е одличен играч, но не требаше да глуми бодигард на судијата. Можеше да го избегне тоа, но на крајот ми се извини за се што направи, – открива Калцона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни