„Калчомеркато“: Како би изгледала табелата во Серија А без употреба на ВАР технологијата

var1

Премиерната сезона на ВАР технологијата во италијанската Серија А донесе и многу контроверзни ситуации и незадоволство кај голем број екипи.

Само во последното коло имаше неколку спорни ситуации, како на пример поништениот пенал на Фиорентина, поништениот гол на Удинезе, како и предолгото размислување на судијата Валери за евентуален пенал на дуелот Интер-Болоња.

Италијански „Калчомеркато“ денеска во својата анализа за ВАР технологијата, објави и табела на Серија А која би била актуелна доколку судиите не променеле дел од своите одлуки со помош на видео анализата. Според истата, прв би бил Јувентус со 64 бодови, Наполи би имал три помалку, а дури пет бодови повеќе би имала Рома (52).

Табела со ВАР: Наполи 64, Јувентус 63, Интер 48, Рома 47, Лацио 46
Табела без ВАР: Јувентус 64, Наполи 61, Рома 52, Лацио 47, Интер 47

Facebook Коментари