Поврзете се со нас

Италија

Калчолигашите посакуваат ист фудбалер: Милан и Јувентус меркаат француски репрезентативец

Објавено

на

foto:www.facebook.com/PSG

Италијанските фудбалски великани Милан и Јувентус сакаат да ги освежат своите редови во зимскиот преоден рок, па за двете екипи интересен е ист фудбалер на трансфер пазарот.

Имено медиумите на Апенините пренесуваат дека „росонерите“ и „бјанконерите“ се во трка за потписот на францускиот репрезентативец од редовите на Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани. Муани не е во плановите на тренерот Луис Енрике и ова може да биде искористено од калчолигашите кои во Французинот би добиле напаѓач кој знае да покрие повеќе позиции во офанзивата.

Рандал сигурно ќе го напушти ПСЖ во јануари, а една од опции е позајмица со право на откуп.

„Светците“ наводно бараат 4 милиони евра за ваква операција, плус целосно да биде покриена платата на фудбалерот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни