Поврзете се со нас

Македонија

Каланоски потпиша за Брера Струмица: Честа е голема, се надевам на успешна сезона (ФОТО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkakademijapandev

Екипата на Брера Струмица успеа да ги обезбеди услугите на искусниот Антонио Каланоски за натпреварувачката 2024/2025.

Каланоски долго време е на домашната сцена каде има настапувано за голем број на клубови како Охрид, Металург, Локомотива, Еуромилк, Царев Двор, Силекс, Борец, Струга, Победа, Беласица, Шкупи и Гостивар.

Тој во Брера доаѓа од Силекс каде на 31 натпревар постигна 9 погодоци.

-Честа е голема да се облече дресот на Брера и се надевам дека наредната натпреварувачка сезона ќе биде успешна како за мене така и за целиот тим и клуб, -порача Антонио кој потпиша едногодишен договор.

foto:www.facebook.com/fkakademijapandev

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни