Поврзете се со нас

Англија

Калафиори изненаден од една работа во Англија: Очекував да биде многу полошо

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Рикардо Калафиори мина низ многу тешки препреки на стартот на својата кариера и на 16-годишна возраст не се знаеше дали ќе може да продолжи да игра фудбал, сето тоа како последица на тешката повреда на коленото која ја заработи во Примавера тимот на Рома.

По надминувањето на ужасниот период, Калафиори мораше да мине низ потешкиот пат за да стигне до фудбалската елита, но откако брилјираше во Базел и во Болоња, изминатово лето направи трансфер на кариерата и се пресели во Арсенал.

Италијанскиот репрезентативец брзо покажа дека ќе биде супер засилување за тимот на Микел Артета, а позитивни се и неговите први впечатоци од Англија.

– По периодот во Базел, сакав да се докажам во Серија А и го направив тоа во Болоња. Тиаго Мота ми помогна многу бидејќи реши да ме постави за стопер откако цела кариера ја играв како лев бек.

– Сега сум во Англија и навистина уживам во новото искуство. Артета ме убеди уште со првиот повик, но јас бев решен да одам кај него уште пред да ми се јави. Се навикнувам на животот во Англија и многу сум задоволен од Лондон. Да бидам искрен, изненаден сум од една работа. Очекував храната да биде многу полоша, но не е толку лоша. Веќе пробав „фиш енд чипс“, еднаш месечно може да си дозволиме и такви работи. Знам дека не е здраво, но сакам да го искусам се она што е култура за Англија, – вели Калафиори.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни