Поврзете се со нас

Италија

Калабрија за инцидентот со тренерот Консеисао: Ова е вообичаено во фудбалот…

Објавено

на

Милан со два гола во судиското продолжение успеа да направи пресврт и да ги освои трите посакувани бода на соочувањето со Парма во Серија А.

„Росонерите“ беа во загубена позиција до 92 минута кога прво дојде до 2-2 за да во 95 реализира уште еднаш за 3-2 и значаен триумф. Меѓутоа веднаш по истиот дојде до еден неочекуван инцидент, конфликт во кој тренерот Серџо Консеисао му се нафрли на Давиде Калабрија. Присутните спречија да дојде и до физички контакт, но ова остави лоша слика иако двете страни истакнаа дека страстите потоа биле смирени и се решено.

-Искрено, ова се работи што се случуваат на теренот,  недоразбирање меѓу нас двајца, многу се грижевме за овој натпревар. Адреналинот беше прилично висок и ги расчистивме работите – едноставно не се разбравме меѓу нас. Средено е, нема да биде прв или последен пат да се случи вакво нешто. Ова е вообичаено во фудбалот, -истакна капитенот на „росонерите“ кој е свесен дека нема добра сезона.

-Не е позитивна сезона како што беа некои од претходните. Има ситуации, дури и лични, за кои никој не знае. И јас навистина не сакам да зборувам за нив. Сакам да ја завршам оваа сезона на најдобар можен начин за доброто на тимот, што ми е најважно, дури и повеќе од мене на моменти.

-Искрено, јас сум фокусиран на тоа, пораснав со овој дрес. Потоа, постојат ситуации како денес што може да се случат, но тие се дел од патувањето. Не беше лесно, но се надевам дека ќе се заврши со подобар глас, -заврши дефанзивецот.

Консеисао за конфликтот со Калабрија: Не сме во црква, ова е нормално во фудбалот

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни