Италија
Калабрија си замина од Милан со солзи во очите: Ова е како развод со сопругата (Видео)

Милан отвори простор за ангажман на Сантијаго Хименез кој доаѓа како големо засилување од Феенорд, но покрај продажбата на Алваро Мората, клубот од „Сан Сиро“ реши да се ослободи и од досегашниот капитен.
Давиде Калабрија минатиот викенд за малку ќе се истепаше со тренерот Сержо Консеисао и тоа беше јасен сигнал дека има големи несогласувања меѓу нив, па иако од клубот првично ја смируваа ситуацијата, неговото најавено заминување јасно покажува дека атмосферата меѓу двајцата не е воопшто идеална.
После 18 години минати во клубот, Калабрија со солзи во очите го напуштил Миланело центарот за последен пат како играч на првиот тим, а тоа го потврдил и самиот тој за присутните новинари во тренинг базата.
– Ова е многу тешко за мене, ќе ми недостасува се околу клубот, се она што го искусив тука. Засекогаш ќе ги носам со себе сите спомени, благодарен сум за се она што го искусив во Милан.
– Последните денови беа многу тешки за мене, исто како да се разделив со сопругата. Ова е како развод. Сега ќе отворам ново поглавје и на сите во Милан им посакувам само најдобро, – изјавил Калабрија кој веќе има договорено трансфер во Болоња.
🥹 Calabria in tears as he leaves Milan after spending 18 years at the club:
“I’m going to miss it all. It’s not easy. It’s like splitting up with your wife.”
— Italian Football TV (@IFTVofficial) February 1, 2025
-
НБА19 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија12 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија16 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија14 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА19 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
АТП13 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Шпанија20 часа
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
Италија9 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)