Поврзете се со нас

Шпанија

Какво значење имаше голот на Арда за ѕвездите на Реал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Арда Ѓулер после подолго време доби минутажа од Карло Анчелоти, па иако истата беше симболична, тоа беше доволно за Турчинот да го запише првиот гол во белиот дрес на „кралскиот клуб“.

Турчинот влезе во игра во 89-та минута на натпреварот со Селта Виго, а пет минути подоцна се запиша во листата на стрелците и ги постави конечните 4:0.

Ѓулер покажа импресивна техника и извонредните потези од тренинзите конечно ги прикажа и на официјален меч, па сето тоа предизвика огромно воодушевување кај фановите, но и кај играчите на Реал.

Сите провотимци беа посебно среќни што Арда постигна гол и поединечно му честитаа по последниот судиски свиреж, но талентираниот фудбалер доби честитка и од најважниот, Карло Анчелоти.

Италијанецот уште од стартот на сезоната бара трпение за Арда и смета дека не смее да му се создава притисок, бидејќи е убеден во фактот дека тој ќе биде идната голема ѕвезда на Реал без оглед на минутажата која ја добива оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни