Поврзете се со нас

Свет

Каква мајсторија: Фантастичен прием, па магичен погодок со пета за победа над најголемиот ривал (ВИДЕО)

Објавено

на

Макаби Хаифа игра во групната фаза на Лигата на шампионите во оваа сезона, a во пресрет на новиот предизвик и дуелот со Јувентус се загреа со победа во домашниот шампионат против најголемиот ривал за титулата Макаби Тел Авив.

Херој на домаќините беше резервистот Дин Давид кој ги даде двата гола (2-0) со тоа што оној вториот во судиското продолжение беше вистинско ремек дело, бравура. Прво имаше фантастичен прием по што дојде до позиција во која на шмекерски начин со пета го матираше голманот за ерупција на сите присутни на стадионот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни