Поврзете се со нас

Свет

Каква мајсторија: Де Коло ја има асистенцијата на годината (ВИДЕО)

Објавено

на

Нандо Де Коло е еден од најдобрите играчи во Европа, играч кој е познат по тоа што знае да решава натпревари и по тоа што е речини непогрешлив од „пенал“ линијата, но тој има и страшна прегледност на играта и често знае да направи супер потези, додавања, асистенции до соиграчите кои ги освојуваат сите кошаркарски фанови.

Таков еден сјаен момент Французинот имаше на средбата против Јаловаспор во турскиот шампионат, меч кој неговиот Фенербахче сосеча очекувано го доби со 86-60.

Се играше првата четвртина кога Де Коло беше удвоен од двајца противнички играчи, а тој без гледање испрати топка под кошот која беше наградена со рутинска реализаиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни