Каква контрола на топката: Нестварниот прием и „танцот“ против тројца на Силва (Видео)

bernardo silva

Манчестер Сити ја оправда улогата на фаворит и со убедливи 4-0 го заврши гостувањето кај Базел, па реваншот на „Итихад“ на 7 март ќе биде честа формалност.

Еден од најдобрите поединци на дуелиот во Базел беше португалскиот репрезентативец Бернардо Силва кој освен што постигна еден гол имаше и брилијатни потези како нестварниот прием во 58 минута кога покажа дека има „лепак“ на ногата, а тука е и ситуацијата, соработката со Кајл Вокер во која за неколку секунди нанижа и се ослободи лесно и на ист начин од тројца домашни играчи.

Facebook Коментари