Каква елеганција: Хамес со ремек-дело ја потврди победата на Баерн во дербито (Видео)

james-prst-nacelo

Вториот дел од сезоната во Бундеслигата стартуваше со големото дерби меѓу Баер Леверкузен и Баерн Минхен, а според очекувањата, тимот на Јуп Хајнкес ја продолжи феноменалната серија и со нова одлична партија успеа да слави со 1:3 на секогаш незгодното гостување.

Хави Мартинез го отвори резултатот во 32-та минута по една мешаница во шеснаесетникот на домаќините, а потоа на сцена стапи Хамес Родригез кој најпрво асистираше до Рибери, а потоа и го постави конечниот резултат. Во меѓувреме, во листата на стрелците се запиша Воланд кој намали на 1:2, но без никаков сомнеж, момент на натпреварот беше ремек-делото на Хамес во судиското надополнување кога со елегантен и исклучително прецизен удар ја смести топката во аголот од голот на Лено.

Со ова, Баерн на најдобар можен начин го започна вториот дел од сезоната во Бундеслигата, каде пред одигрувањето на останатите натпревари од 18-то коло, има 14 бодовои предност во однос на Шалке, односно 16 во однос на Борусија Дортмунд.

Facebook Коментари