Каква бламажа: Братот на Лонзо Бол фатен како краде во Луј Витон

Liangelo Boll

Сериозна бламажа му приреди братот на кошаркарската ѕвезда, Лонзо Бол. Лианџело Бол кој со својот колеџ Универзитетот УЦЛА беа дел од универзитетската делегација која во Шангај требаше да играат против Универзитетот Џорџија Тек како дел од посетата на Претседателот Доналд Трамп на Кина, сепак, остана во градот Хангжу, поради кражбата во елитниот бутик на Луј Витон, која ја направил со уште двајца соиграчи од тимот. Сега тие се соочуваат со казна од три до десет години затвор. Како ќе заврши целата работа останува времето да покаже, а стигнуваат најави дека ќе се вмеша и нба ѕвездата Бол за да го ослободат неговиот брат со кауција од притвор.

Facebook Коментари